|
Донација од Телекабел |
|
|
|
Итната помош во Свети Николе вчера доби ново возило како донација од компарнијата Телекабел „Роби“ Штип. Со тоа ќе се овозможи итната помош навремено да интервенира во сите населени мести во оптината. Воедно истата донираше техничка опрема и играчки за штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби во Свети Николе.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Новогодишни пакети за социјално загрозени семејства |
|
|
|
Традиционално и годинава локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Свети Николе на 150 социјално загрозени семејства им доделија пакети по повод новогодишните и божиќните празници. 
|
|
Повеќе...
|
|
Нови договори за земјиште под закуп за земјоделците |
|
|
|
Во Свети Николе претставници од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија и пратеникот во Собранието Васко Пашовски на земјоделците од овчеполието кои имаа договори за плодоуживање им доделија нови договори за земјиште под закуп. Со оваа трансформација на договорите земјоделците од светиниколско ќе можат да го остварат правото за користење на субвенции кои ги доделува владата на Р. Македонија. 
|
|
Повеќе...
|
|
|
Отворен шелтер центар за прифаќање на жртви од семејно насилство |
|
|
|
Во присуство на заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, градоначалникот на Општина Свети Николе Роберт Ѓоргиев, претставници на Собранието на Р. Македонија и од УНДП во Свети Николе беше отворен шелтер центар за прифаќање на жртви од семејно насилство. Ова е четврт ваков центар во нашата земја кој е реализиран со проектот Форуми на заедниците на швајцарската агенција за развој и соработка, центарот за институционален развој ЦИРА и Општина Свети Николе во кој се вложени средства во висина од околу 9 милиони денари.
|
|
Повеќе...
|
|
Општина Свети Николе го одбележа својот заштитник и патрон Свети Николај |
|
|
|
Со низа манифестации Општина Свети Николе го одбележа својот заштитник и патрон Свети Николај. Во рамките на програмата во народниот музеј беше отворена изложба на макети на цркви и манастири од авторот Душан Донев. Во домот на културата беше отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2011“. По свечената вечерна богослужба во црковниот храм Свети Николај со која чиноначалствуваше митрополитот на брегалничката епархија господин Иларион, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска со градоначалникот на Општина Свети Николе Роберт Ѓоргиев свечено ја предадоа во употреба реконструираната кино сала. . По повод празникот патронот на градот Свети Николај на заслужни граѓани им беа доделени плакети. Покрај тоа на 19-ти декември пред споменикот на Свети Николај во центарот на градот се освети славскиот колач и на градскиот плоштад во присуство на повеќе илјади граѓани и гости беше послужена традиционалната посна трпеза. На прославата присуствуваше и Амбасадорот на руската федерација во нашата земја Олег Николаевич Шчербак кој ја отвори изложбата на меѓуродниот славјански институт „Триста години од раѓањето на Михаило Ломоносов“.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 27 |